Генсхајмер се врати во Бундес лигата и предложи намалување на клубовите

Капитенот на репрезентацијата на Германија и повратник во првенството на Германија во тимот на Рајн Некар, Уве Генсхајмер во последната изјава предложи намалување на бројот на екипите во Бундес лигата. Според него товарот кој се става врз играчите е преголем и неопходни се промени во форматот.

„Според моето гледање намалување на бројот на екипите во првенството би било единствена правилна одлука. Сепак, мислам дека во моментов многу е тешко да се реализира оваа идеја“, рече Генсхaјмер за германските медиуми.

Тој по три години поминати во ПСЖ, сезонава се враќа во Бундеслигата во својот претходен клуб. Неговиот трансфер е дел од размената меѓу клубовите. Од Рајн Некар во ПСЖ замина Валур Сигурдсон, а во спротивен правец дојде Генсхјамер. Германецот повторно ќе има можност да ја искуси тежината на домашниот шампионат.