Гаџа: Се надевам дека мечот беше интересен за публиката колку што беше за нас

Вардар ја забележа 17 победа оваа сезона во регионалната СЕХА лига. Во рамките на последното 18 коло, актуелниот СЕХА шампион пред домашната публика ја затвори сезоната со победа над Нексе 29-25.

300x250

Гостинските ракометари имаа предност во поголемиот дел од првото полувреме, но не успеаа да го издржат притисокот на Вардар. „Црвено-црните“ ја презедоа контролата над играта на средина на вториот дел и во победничка атмосфера ќе ги пречекаат останатите три екипи на СЕХА Ф4 турнирот во Скопје. Еден од најдобрите поединци на теренот истакна дека против Вардар секогаш е тешко да се игра, а малиот број технички грешки во редовите на Нексе биле пресудни за неизвесен дуел.

Анте Ѓаџа, ракометар на РК Нексе:

Денес навистина одигравме добро. Бевме фокусирани игравме она што се договоривме пред натпреварот и што е најважно губевме малку топки бидејќи знаевме кој е Вардар, знаевме дека ќе ја казнат секога наша грешка. Сметам дека натпреварот беше интересен за публиката колку што беше интересен за нас.