ГАФ НА ДЕНОТ: Голманката на Чешка – најдобар стрелец против Македонија? (ФОТО)

Според официјалниот записник на квалификацискиот натпревар помеѓу Македонија и Чешка голманката на гостинскиот тим беше најдобар стрелец за својата екипа.

Според косовските судии и делегатот до Унгарија, чешкиот голман постигнал 11 гола против нашата репрезентација. Всушност е направен пропуст, овој учинок е на Ивета Корешова.

Интересно е што ваквата статистика на чешкиот голман, не беше изненадувачка за судиите и делегатот од ЕХФ, Гергели Ватаи, па тие го потврдија ваквиот неточен записник.

Во продолжение погледнете ја фотографијата од записникот.

Фото: Handballfast