Галаци претрпе нов пораз, овој пат на свој терен

Триото Македонки во Данубиус Галаци претрпе минимален пораз на домашен терен. Галаци беше совладан од ЧСМ Роман со 17:18, па остана без бодови и во тешка позиција на табелата.

300x250

Галаци со овој пораз остана на 12 поени и на 11. место, но има само бод повеќе од Слатина и Клуж.

На последната средба Елена Ливриниќ беше стрелец на два гола, додека Андреа Белеска и Дајана Јовановска немаа погодоци.