Гакидова меѓу најдобрите стрелци, Молде забележа убедлива победа

Македонската репрезентативка Ивана Гакидова беше една од најдобрите поединки во составот на Молде, кој славеше убедлива победа на гостувањето кај Порс Хендбол со 22:40, во рамките на натпреварот од 21 коло во Првата норвешка дивизија.

Гакидова 6 пати ја погоди противничката мрежа и беше втор стрелец на натпреварот. Со овие освоени бодови, Молде има вкупно 32, исто колку и Фредрикштад, па е на добар пат да влезе во најсилната конкуренција во Норвешка.