В година во СЕХА лигата ќе се игра осмина-финале и четврт-финале

Наместо сегашниот систем на 18 кола и потоа играње на Ф4, од в година СЕХА ќе има нов формат, сличен на ЕХФ лигата на шампионите. Тоа треба да привлече нови екипи кои ќе можат истовремено да играат и во домашното првенство и плус во СЕХА лигата.

Од СЕХА лигата најавија дека се работи на нов натпреварувачки систем што ќе вклучи две нови екипи, а притоа ќе има и помалку натпревари. Се зборува дека од сегашните 20 натпревари колку што играат најдобрите четири тимови, од следната сезона ќе има максимум 14 или 16 мечеви.

Дури во јуни ќе се знае кои екипи ќе играат в година. Повеќе од веројатно е дека ќе има вкупно 12 екипи. Ќе биудат поделени во две групи. Тоа значи дека секој тим ќе има по десет мечеви во групата.
Во игра за место во СЕХА лигата се Кјелце, Висла, Спартак Москва, Веспрем и ПИК Сегед.

Потоа најдобрите две екипи од групната фаза ќе бидат слободни едно коло, додека другите ќе играат осминафинални дуели. Потоа победниците од тие осминафинални средби ќе им се приклучат на оние што беа слободни и ќе формираат четири нови двојки. Победниците од тие мечеви ќе се пласираат на Ф4 турнирот.

Овој систем ќе донесе да се играат 14 натпревари и веројатно во февруари и март би имале само по еден или два натпревари. Така би имале можност порано да почне домашното првенство и да се има повеќе време за подготовка и за ЕХФ лигата на шампионите и домашното првенство.

Од Македонија ќе има повторно две екипи, најдобрите две.