Вјахирева и Билик на врвот во изборот за најдобри во Европа во јуни

Одличните игри во дресот на националните тимови беа клучни за Рускинката Ана Вјахирева и Австриецот Никола Билик да бидат избрани за најдобри играчи за месец јуни.

300x250

Клупските натпреварувања завршија, па така критериумот за одредување најдобри играчи за претходниот месец беше извршен според настапите во квалификациите за Европското првенство за жени и за Светското првенство за мажи.

После освојувањето на првенството во Русија и настапот на Ф4 во Лигата на шампиони, Русинската имаше инзвонредни настапи за својата земја и во натпреварот со Австрија успеа да погоди 12 пати со што и помогна на својата репрезентација да победи и да обезбеди пласман на престојното Европско првенство.

Најголемата заслуга за пласманот на машка репрезентација на Австрија имаше Никола Билик. Младиот лев бек во натпреварот против Белорусија погоди 12 пати и со тоа ја однесе својата репрезентација на Светското првенство. Билик е препознатлив по тоа што на Светското првенство за играчи до 20 години во 2014 беше најдобар стелец. Дебито за својата репрезентација го имаше на само 18 години, а ова ќе му биде второ Светско првенство во кариерата и покрај тоа што има само 21 година.

Во потесен список на кандидати за освојување на наградата за најдобар за претходниот месец покрај Билик беа: Енди Шмид, Сандер Сагосен, Гудјор Валур Сигурдсон и Вид Кавтичник.