Вчера ракомет, денеска пливање: Во Алингсас владее спортскиот дух (ВИДЕО)

Ракометарите на Алингсас вчера го освоија 5. место на Струшкиот турнир откако го совлада Бешикташ со 29:22. Тие се презадоволни од играта во Струга и со задоволство доаѓаат, а воедно и уживаат во убавините на Струга.

300x250

Денеска ден после турнирот покажаа дека не сакаат да ја напуштат Струга и дека со задоволство би останале тука. После обврските на турнирот денеска можеа да се забавуваат, па на „Дрим“ одржаа мал натпревар во пливање и докажување на тоа кој е најбрзиот пливач.

Случајните минувачи можеа да уживаат во новите возбудувања од страна на ракометарите на Алингсас, а како изгледаше во водите на „Дрим“ можете да погледнете во видеото во продолжение.