Вујо шоу на тајм-аут: Пробајте да загубите со 15 разлика… (ВИДЕО)

Железничар загуби на стартот од новата сезона во СЕХА-лигата. Во својот деби настап, Железничар не беше успешен како вториот дебитант Стеауа и претпре пораз на домашен терен од Војводина со 20:27.

300x250

Сосема нормално нервозата кај тренерот Веселин Вујовиќ беше на високо ниво. Тој во свој стил на првиот тајм-аут кога ракометарите губеа седум разлика проба да ги мотивира за да ги врати во игра. Им го потврди она што се случуваше на теренот.

Овој тајм-аут беше порано и тука Вујо уште и делуваше смирено. Иако и тука имаше што да каже, сепак, побара да одиграат подобро и да дојдат до пристоен пораз од барем три гола разлика од тим кој играше многу подобро на теренот.

Е кога ракометарите место да намалат отидоа на негатива од десет гола експлодираше и тука дојде до неговиот начин на реакција.

„Обидете се да загубите со 15 гола разлика. Прописно се посрамивме денеска почнувајќи од мене до сите вас. Јас сум сигурен дека на следниот натпревар ќе биде подобро бидејќи од ова полошо не може“, коментираше Вујовиќ, а притоа никој не смееше да каже ниту збор.

До крајот ракометарите на Железничар успеаја да намалат, но Вујовиќ не е задоволен сигурно од прикажаното.