Вујо одбра за Македонија: Словенците со Кавтичник на првиот меч на ЕП

После неколкуте ракометари кои поради повреда отпаднаа од составот на Словенија конечно Веселин Вујовиќ доби една добра вест од докторите.  Капитенот Вид Кавтичник доби зелено светло за настап така што тој сигурно ќе биде на теренот бидејќи веќе се најде и меѓу оние 16 играчи кои ќе го почнат шампионатот.

300x250

Вујовиќ го одреди тимот со кој ќе стартува на првенството, а изненади тоа што на почеток го нема Урх Кастелиц, голманот на Загреб. Тој се најде меѓу резервите заедно со Патрик Лебан, Нејц Цехте и Грегор Поточник.

Претходно Словенија остана без повредените Матеј Габер, Јуре Доленец, Нико Медвед, Вид Потеко и Давид Миклавчич.

СОСТАВ НА СЛОВЕНИЈА ЗА ПРВИОТ МЕЧ НА ЕП

ГОЛМАНИ: Матевж Скок (Загреб), Урбан Лесјак (Целје ПЛ).

ЛЕВИ КРИЛА: Дарко Цингесар (Аикс), Матиц Вердинек (Горење).

ДЕСНИ КРИЛА: Блаж Јанц (Кјелце), Гашпер Маргуч (Веспрем).

ЛЕВИ БЕКОВИ: Јан Гребенц (Горење), Ник Хенигман (Рибница), Борут Мацковшек (Целје ПЛ).

СРЕДНИ БЕКОВИ: Марко Безјак (Магдебург), Миха Зарабец (Кил).

ДЕСНИ БЕКОВИ: Вид Кавтичник (Монпеље), Жига Млакар (Целје ПЛ).

ПИВОТИ: Блаж Благотиншек (Веспрем), Игор Жабиќ (Висла Плоцк), Матиц Сухолежник (Целје ПЛ).