После лошите резултати на почетокот на сезоната во кои беа претрпени порази во СЕХА-лигата, а тимот испадна и од Купот на ЕХФ, Железничар донесе ново засилување, а се работи за капитенот на Партизан, Немања Живковиќ.
Ракометарот кој настапува и како десен бек и како десно крило треба да биде засилување за тимот за зголемување на конкуренцијата во тимот, но и да донесе квалитет кој недостига.
„Доаѓам од Партизан и добро знам што се барања од еден голем клуб, каков што несомнено е и Железничар. Сакам да верувам дека моето доаѓање ќе ја раздвижи екипата после лошиот старт“, коментираше Живковиќ после потпишувањето на договорот со клубот од Ниш.
Роден е во 1995 година, а станува збор за квалитетен играч кој настапуваше и на Медитеранските игри во Шпанија, а своето деби би требало да го има на 19 септември кога Железничар ќе гостува во Нашице кај тимот на Нексе.