Вујовиќ ќе биде казнет од ЕХФ, причината невидена досега!

Темпераментниот Веселин Вујовиќ се огласи по наводната казна која ја подготвува ЕХФ, а сето тоа заради неговите критики на адреса на судиите, делегатите и одредени инстанци на Европаката куќа на ракометот.

300x250

Вијовиќ повторно се осврна на лошото судење, овојпат на пријателските натпревари на репрезентацијата на Словенија на чие чело се наоѓа тој.

“Човек што работи тој и греши. Но најважно од се е грешката да не биде намерна. Се случува да се направи ненамерна грешка и тоа треба на сите да ни биде јасно. Но, доколку во судењето се забележи тенденциозна намера, тогаш тоа не е добро, фрла црна дамка на спортот. Токму поради тоа јас за шпанското радио Марка зборував за равботата на Европската ракометна федерација (ЕХФ), која веднаш против мене поведе дисциплинска постапка. Можеби ќе бидам казнет заради една изјава, што ќе биде првпат во историјата некој да биде казнет само заради една изјава”-изјави Вујовиќ за словенечките медиуми, и притоа уште еднаш даде објаснување за неговата изјава”

“Јас само реков дека спортистите и тренерите често се сместени во лоши хотели со неквалитетна храна, додека пак судиите, делегатите и претставниците на ЕХФ секогаш се во најдобрите хотели. За нив оваа изјава не е во ред, и покрај тоа што е вистина. Исто така напоменав дека од страна на ЕХФ се фаворизираат Данска, Франција и Германија.Тие сега мене ме обвинуваат дека со оваа моја изјава го рушам угледот на ракометот. Нивниот судиски скандал на ЕП во Загреб не го руши угледот на ракометот, ама затоа мојата го руши”?!?-заврши Вујовиќ