Вујовиќ ја загрева атмосферата: Македонците веруваат дека можат да не победат, но ние ќе го оставиме срцето на терен!

Вечерва со почеток од 19 часот и 30 минути македонската ракометна репрезентација против Словенија ќе го игра својот прв натпревар на Европското првенство во Хрватска.

300x250

Противник многу добро познат на ракометната јавност во Македонија, на чија клупа седи селектор кој ужива големи сипматии и во двете земји. Веселин Вујовиќ нешто слично како и Раул Гонзалес во Македонија, е човекот кој со донесувањето на бронзата на СП во Франција за многу кратко време ги крена апетитите на словенските љубители на ракометот.Такви се очекувањата и пред вечерашниот натпревар против Македонија за кој Вујович вели:

“Ќе се сретнеме со сериозен национален тим кој игра слично како и Србија, полека,тактички и без технички грешки. Но, можеме да одговориме на нивната игра бидејки имаме квалитет. Македонија е во еуфорија, тие веруваат дека можат да не победат. Ние ќе зборуваме на теренот, па ќе видиме како ќе биде на крајот.”

Вујовиќ напоменува дека во словенечкиот табор нема нервоза пред денешниот натпревар, а воедно ветува дека неговите момци ќе го остават срцето на теренот да дојдат до посакуваната победа.

“Не сум нервозен, бидејќи автоматски таа нервоза ќе се пренесе и на тимот. Ние сме фокусирани и нема да отстапиме од моите идеи. Ќе го оставиме срцето на теренот и ќе ја пролиеме последната капка пот да дојдеме до победа.

Натпреварот Македонија-Словенија се игра вечерва со почеток од 19 часот и 30 минути.