Вујовиќ прогнозира: Вардар и Мешков ќе се борат за титулата во СЕХА

Секогаш атрактивниот Веселин Вујовиќ и понатаму не може да го заборави Вардар и секогаш е во неговите мисли, а најновите негови коментари се поврзани со шансите на „црвено-црните“ во натпреварувањето.

Тој очекува ова да биде одново сезона во која ќе се гледа битка меѓу тимовите кои во минатата сезона играа во полуфиналето во Скопје. Вујо е сигурен каде е квалитетот и не штеди убави зборови за екипите од Скопје и од Мешков.

„Меѓу десетте учесници евидентно е кои екипи важат за главни фаворити. Тоа се Мешков Брест и Вардар. Во нив гледам сигурни учесници на Ф4-турнирот и две екипи кои ќе се борат за титулата во оваа сезона. Тука веднаш се и Татран Прешов и Загреб, кои се исто така учесници во Лигата на шампионите, додека Стеауа, Нексе и Жељо можат да направат некое изненадување“, вели Вујовиќ.

Кога ќе се погледне распоредот тој немаше многу среќа бидејќи уште во првите неколку кола ќе мора против овие две екипи.

„Ние играме против Вардар во Скопје уште на стартот на сезоната, а потоа во Ништ ни доаѓа тимот на Мешков Брест. Се виде дека и двата тима се квалитетни на турнирот во Франција. Вардар одигра нерешено со ПСЖ. Мешко беше егал со ПСЖ, а потоа славеше над Вардар и Веспрем. По моја проценка овој тим требаше да падне во ’Чаир’, но сега веќе не сум сигурен во тоа“, коментираше Вујо.

Првиот дуел за Железничар е против Војводина, а потоа доаѓа во Скопје на пресметка против Вардар по што ќе следува двобој со Мешков Брест во Ниш.