Вујовиќ: Не знам со што заслужив ваков однос на фановите кон мене!

Селекторот на Словенечката ракометна репрезентација и актуелен тренер на Копер, Веселин Вујовиќ е имаше двојна причина за незадоволство по одигрувањето на натпреварот против екипата на Ормож во рамките на словенечкиот ракометен куп.

Покрај поразот во натпреварот за третото место во рамките на купот на Словенија од составот на Ормож, Вујовиќ беше разочаран и од односот на домашните фанови кон него. Тие за време на натпреварот упатувале низа погрдни зборови кон Вујовиќ кој им замерил за лошиот однос..

“Атмосферата беше навистина добра, но не знам со што заслужив ваков однос од фановите. Отако сум селектор секогаш се обидувам да ја претставувам Словенија на најдобар можен начин. Никогаш не сум навредувал ниту еден играч од нивниот ниту пак од некој друг клуб. Но добро.. Убеден сум дека овие луѓе не мислат ништо лошо, едноставно беа погодени од некои поединци. Јас повторно ќе се вратам во Ормож-изјави разочараниот Вујовиќ.

Екипата на Копер го освои четврттото место на Словенечкиот ракометен куп веднаш зад третопласираниор Ормож, Крка и старо новиот шампион Целје Пивоварна Лашко.