Вујовиќ за 24 Ракомет ТВ: Нексе ни беше лекција, бевме потрпеливи против Е. Работник (ВИДЕО)

Еден од најефикасните ракометари на Татабања во победата над Еурофарм Работник во Битола, Милош Вујовиќ реализираше петпати, а после натпреварот имаше причина да биде задоволен.

Тој беше и на прес-конференцијата, а воедно говореше и пред камерата на 24 Ракомет ТВ.

„Во Битола бевме пречекани како голем тим. Се чувствуваме одлично на теренот. Екипата на Еурофарм Работник е добра со одлични индивидуалци. На почеток се со работа со многу добар тренер, но ќе им треба многу повеќе време за да ги склопат коцките. Мојата екипа играше доста трпеливо до крајот на средбата. Не дозволивме да ни се случи да ја направиме истата грешка како против Нексе. Одигравме многу потрпеливо и поколективно до крајот на средбата и за разлика од првиот меч одигран во Ѓер успеавме да поентираме“, коментираше Вујовиќ.

Комплетната изјава на Вујовиќ дадена за 24 Ракомет ТВ можете да ја погледнете во видеото во продолжение.