Втор европски трофеј по 26 години: Локомотива Загреб го освои Челинџ Купот

Ракометарките на Локомотива Загреб го освоија Челинџ Купот оваа сезона откако и во реванш финалниот меч славеа над Хор, тимот кој ги елиминираше Вардар СЦЈС во осминафиналето. „Локосици“ победија дома со 23:19 на првиот дуел, а во возратниот славеа со 21:24.

По нерешените 10:10 на полувреме, Локомотива во продолжение во два наврати се одлепи на плис 5, 13:18, 15:20 и веќе беше јасно дека титулата се сели во Загреб. До крајот Хор само намали на 21:24, но мораше да се помири со поразот.

Најдобра во тимот од Загреб беше Стела Посавец со 9 голови, а Јелена Кајфеш даде 5. Ова е втор европски трофеј за Локомотива во историјата, откако во 1991 година го освои Купот на ЕХФ.  Потоа три пати беа финалисти на КПК, а еднаш и во ЛШ (тогашен Куп на шампиони).