Втора радост за два дена за „Министерот за одбрана“ (Фото)

Голманот на репрезентацијата на Македонија, Борко Ристовски во два дена двапати имаше причина за радост, па 2019 година ќе ја памети по убавиот почеток.

Тој вчера правеше свадба и ја почна годината со веселба, па на одличен начин влезе во годината во која сите очекуваат Македонија да успее да забележи добар резултат на Светското првенство во Данска и во Германија.

Ристовски, пак, ден после свадбата се пофали на Инстаграм дека паричката за Бадник падна кај него, па ова дефиинтивно ќе биде година исполнеа со среќа за него.

Борко ќе биде еден од клучните ракометари во репрезентацијата на Македонија, па се очекува да покаже дека се наоѓа во добра форма и дека може да биде предводник на одбраната.

Во два дена имаше две радости, а дали до крајот на месецот ќе има уште некоја ќе се види после 11 јануари кога Македонија стартува со натпреварите на Светското првенство.