Врската Лакрабер-Лекиќ повторно актуелна (ВИДЕО)

Викендов беа одиграни реванш четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионките по кои се познати  четирите екипи на Ф4 турнирот од Лигата на шампионките во Будимпешта. Вардар, Ѓер, ЦСМ Букурешт и Ростов се екипите кои на 12 и 13 мај ќе се борат за освојување на врвот на Европа.

300x250

Четвртфиналните реванп натпревари понудија фантастичен ракомет и серија од прекрасни голови. Еден од головите на Андреа Лекиќ се најде на четврттото место изборот на најдобрите ТОП 5 погодоци. Покрај неа во изборот се најдоа и Анита Горбиц(Ѓер), Јакобсен (Митјиланд), Дора Хорњак (Ференцварош), и најдобриот гол на реванш четвртфиналните натпревари оди зад името на Вероника Кристијансен (Митјиланд).