„Врие“ од вардарци во Ол Стар тимот на Ф4, Канељас е МВП!

Македонскиот првак во интересен натпревар го совлада унгарскиот првак Веспрем и ја освои третата СЕХА титула. Во финалето на регионалната лига во спортскиот комплекс „Викторија“ во Брест, вардарци победија против Веспрем со конечен резултат  26-21 и успешно ја затворија СЕХА сезоната. По завршувањето на финалниот меч беше избран и Ол Стар тимот во кој се најдоа дури четворица вардарци.

Ол стар тим на Ф4

голман – Мирко Алиловиќ
лево крило – Тимур Дибиров
десно крило – Иван Чупиќ
пивотмен – Андреас Нилсон
лев бек – Вуко Борозан
среден бек – Жоан Кањељас
десен бек – Даинис Криштопанс

најдобар одбранбен играч – Ласло Наѓ

МВП -Жоан Кањељас