Врзаа три порази: Рајн Некар загуби и кај Гепинген

После два месеци игра без пораз ракометарите на Рајн Некар во седум дена врзаа дури три. Од нив два се во Бундес-лигата, а еден од Вардар.

Исто како и пред годстувањето во Скопје и сега Рајн Некар гостуваше во Бундес-лигата, а овој пат тоа беше кај Гепинген. Домашниот тим успеа да зададе нов удар за „лавовите“ кои немаа сили да се вратат и да дојдат до нешто повеќе на оваа средба.

Иако на десет минути, Рајн Некар имаше негатива од еден гол и губеше со 23:24, сепак, во финишот Гепинген знаеше како да издржи и да се избори за победа од 28:26.

На вој начин Рајн Некар загуби уште два важни бода и сега заостанува зад Флензбург и Фуксе Берлин кои се на првите две места со по 23 бода.

Денеска зад името на Филип Талески немаше бројки за остварени погодоци или асистенции во нападот, па сосема извесно е дека тој ќе биде со поголема минутажа в недела против Вардар во Лигата на шампионите.