Време е за СЕХА: Во Букурешт и во Ниш почнува битката за 8. трофеј

После неколку месеци пауза од натпреварите во СЕХА, од денеска ракометарите се враќаат во шема и продолжуваат со битката за осмиот Ф4 турнир. Во Букурешт и во Ниш ќе биде означен стартот на 8. сезона во која десет екипи ќе се борат за трофејот.

Без екипите од Словенија и Унгарија, годинава на сцената во СЕХА се враќа БиХ, додека дебитант ќе биде Романија со тимот на Стеауа. Ова се очекува да биде интересна сезона во која сигурно ќе има што да се види на терените.

Сезоната стартува во Букурешт од 17:15 часот, додека денеска во 19 часот ќе биде одигран меч и во Ниш. Први на терен ќе истрчаат составите на Стеауа и Татран Прешов и со овој дуел ќе тргне новата битка за трофејот кој и годинава ќе го бранат ракометарите на Вардар.

Во 1. коло денеска ќе биде одигран уште еден дуел. Уште еден дебитант ќе биде домаќин, а тоа е Железничар од Ниш, кој за противник го има составот на Војводина.

Другите три средби се играат утре и тогаш ќе биде комплетирано колото со кое се влегува во интересна сезона, па ќе има што да се види.

Она што засега сите го кажуваат е дека Вардар и Мешков Брест се во предност во однос на Загреб и Татран во битката за титулата, но никој не смее да им ги одземе шансите и на другите екипи, па сигурно ќе имаат што да покажат на теренот и Металург, Нексе, Извиѓач, Железничар, Војводина и Стеауа. Сезоната е долга и во 18 кола ќе има битка за првите четири позиции кои водат на Ф4 турнирот најверојатно некаде во април следната година.

СЕХА-ЛИГА 2018/2019

РАСПОРЕД ЗА 1. КОЛО

ВТОРНИК, 28 АВГУСТ

17:15ч

СТЕАУА – ТАТРАН ПРЕШОВ

19:00ч

ЖЕЛЕЗНИЧАР – ВОЈВОДИНА

СРЕДА, 29 АВГУСТ

19:00ч

ИЗВИЃАЧ – МЕШКОВ БРЕСТ

20:45ч

ВАРДАР – МЕТАЛУРГ

НЕКСЕ – ППД ЗАГРЕБ