Врањеш одговори на критиките од навивачите: Не е фер! Што требаше, јас да играм?

Ракометарите на Веспрем ја имаат една од најлошите сезони во својата историја. По шокантната елиминација од Скјерн во осминафиналето на Лигата на шампионите, ракометарите на Љубомир Врањеш  ја загубија и титулата во домашното првенство.

Пик Сегед успеа да ја прекине десетгодишната доминација  на Веспрем, освојувајќи ја својата трета шампионска титула во Унгарија.

Навивачите на Веспрем не можеа да останат неми по катастрофалната сезона на својот тим, а најголемите обвинувања ги упатија на адреса на својот тренер Љубомир Врањеш.

Швеѓанецот дојде на почетокот на оваа сезона, а со неговиот ангажман раководството на Веспрем се надеваше дека конечно ќе ја освои Лигата на шампионите, а домашната титула воопшто и не беше доведувана во прашање. Врањеш  одговори на според него нереалните обвнинувања на негова сметка:

“Не е фер. Имавме шест повредени ракометари. Што очекуваат? Јас да играм, или некој друг? Воопшто не се фер.- одговори Врањеш на критиките на навивачите.