Врањеш го носи и Мае во Веспрем?

Откако пред неколку дена беше потврдено дека Љубомир Врањеш ќе седне на клупата на Веспрем од следната сезона, шведскиот тренер веројатно веќе размислува и за составот што ќе го има на располагање. Досега се знае дека Марко Копљар го напушта унгарскиот првак и се сели во Фуксе Берлин, а во спротивна насока би можел да се пресели норвешкиот интернационалец Кент Робин Тонесен.

Следен на листата желби на Врањеш е универзалецот од Фленсбург, Кентан Мае, кој може да игра и на позицијата лево крило, а игра и на сите бековски позиции. Тој има една од главните улоги во бундеслигашот, а исто така е еден од милениците на Врањеш, па лесно би можел да се пресели во Унгарија. Од Веспрем сигурно ќе си замине и Арон Палмарсон, кој веројатно ќе продолжи во Барселона, а се очекува доаѓањето на Вилијам Акамбре, кој не се наигра во ПСЖ.