Во Шпанија се бара билет повеќе за Еурофарм Работник (ФОТО)

Еурофарм Работник во третото коло од Лигата на шампионите гостува кај Бидасоа Ирун. Натпреварот се игра во недела во пладневен термин од 12:10 часот. Македонскиот претставник од Битола најверојатно ќе го очекува полна сала во Ирун.

Билетите за замена на сезонските карти се пуштени, а фановите на шпанскиот тим се веќе во редица да стигнат до својот билет.  Од клубот објавија фотографија од продажното место на билетите каде што може да се забележи како домашните навивачи стрпливо чекаат да ги заменат билетите.

Исто така билети ќе можат да се купат и пред натпреварот во недела почнувајќи од 10:45 часот. Ова важи за сите фанови без сезонски билет а цената се движи од 5 евра за деца до 20 евра за возрасни.