Во петтиот обид, по остварување на сонот: Вардарки ги стартуваа подготовките (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот првак и европски вицепрвак Вардар ги започна подготовките за новата сезона. Тренерот Дибирова со својот стручен штаб го отвори новото поглавје во „црвено-црната“ историја. Вардарки сезонава ќе бидат посилни за Драгана Цвијиќ, Полина Кузнецова, Мирјета Бајрамовска, Јована Саздовска и Теодора Керамичиева кои присуствуваа на првиот тренинг во малата сала на „Јане Сандански“. Според планот на подготовките Вардарки оваа седмица ќе тренираат во Скопје од каде заминуваат на Златибор. Кон крајот на август во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе се одигра силен турнир чии домаќин ќе биде Вардар, а тоа ќе биде и последен посериозен испит за формата и амбициите на новиот Вардар.

Едно е сигурно, Вардарки се повеќе од подготвени да го освојат ракометниот врв на Европа, а во својот петти обид ќе тргнат како актуелни вицепрваци во Лигата на шампионите…