Во одлична форма пред ЕП: Митревски ја одбрани Констанца

Никола Митревски и Велко Маркоски со нивната Констанца забележаа победа во дербито со Стеауа Букурешт со 24:19 во романскиот шампионат и се приближија само на 4 бодови од лидерот на табелата, Турда.

300x250

Митревски на голот и Маркоски во дефанзивата имаа уште една одлична партија. При 21:19, Митревски ги спречи гостите да се вратат во натпреварот, а неговите соиграчи во нападот со 3 голови во серија ја обезбедија победата со 24:19.

Констанца следниот натпревар го игра на гости против Сучеава.