Во Нашице и тоа го дочекаа: Нексе ја совлада Барселона (ФОТО)

Хрватски Нексе ја совлада Барселона со 29-24!

Доколку беше вистина ова секако ќе беше сензационална вест која силно ќе одекнеше во целиот регион. Сепак, ова е само една симпатична грешка на колегите од легендарниот хрватски весник “Спортске новости” кои екипата на Копер 2013 која беше противник на Нексе, ја заменија со легендарната Баселона.

Оваа ненамерна грешка со големи симпатии беше пречекана во Нашице, па на официјалната фејсбук страница на Нексе беше објавено фото на кое се гледа дека Нексе славеше над Барселона со 29-24. Следен противник на тимот на Нексе е Целје, но официјалните администратори на страната на Нексе се прашуваат да не играат можеби против ПСЖ!?

Но, оние кои работат и грешат, а оваа ненамерна грешка беше позитивно дочекана и предизвика смеа на социјалните мрежи.