Во македонското дерби во Стразбур, Манасков до победа над Лазаров

Екипата на Веспрем дојде до победа од 28:24 над Нант на вториот ден од турнирот во Франција, па утре ќе има можност против Монпелје да се бори за првата позиција и за место во финалето.

300x250

Денеска Веспрем беше подобар од Нант во текот на целата средба и имаше водство. Во првото полувреме неизвесноста беше поголема бидејќи Нант беше постојано близу до бројот на голови на противникот. На одмор се замина со 13:14, а потоа во второто полувреме Унгарците почнаа да зголемуваат.

Како што одминуваше времето така доаѓаше до израз разликата и тоа донесе подобар резултат за Веспрем. Постојано имаше 2-3 гола позитива, а тимот од Франција не можеше да следи.

Ова донесе мирна завршница во која Дејан Манасков и колегите се изборија за победа од 28:24 и за да бода со кои утре ќе имаат можност од 20:30 часот против Монпелје да се борат за место во финалето.

Нант е тимот кој сигурно ќе биде во битка за 5. место в недела бидејќи претрпе два порази.