Во Македонија ги има многу: Како е да си „селектор од фотелја“? (ВИДЕО)

Словенечката репрезентација загуби од Македонија во првото коло од ЕП, а беше поразена и од Данска во главната фаза, па се чини дека ги загуби шансите за полуфинале.

300x250

Од Ракометниот Сојуз на Словенија се сетија да направат интересно видео, каде Кавтичник, Зарабец, Скок и останатите се во улога на гледачи и ги коментираат игрите на своите „миленици“…

Додека во Македонија се гледаат натпреварите на решрезентацијата, имаме повеќе од 2 милиони „селектори“ и сигурно ќе чуете вакви или слични коментари…

„Абе кај шутираш од таму…“

„Аман бе фати некоја топка веќе…“

„Де бе погоди еднаш…“

„Не бе овој не го бива за ништо, вади го ајде…“