Во исто време ќе биде играч во Франција и тренер во Унгарија

Шпанскиот 39 годишен централен бек Чема Родригез ја продолжува својата играчка кариера. Тој неодамна обезбеди ангажман како помошник тренер на Иштван Гулјаш во репрезентацијата на Унгарија, но ќе продолжи и да игра активно.

Родригез го продолжи договорот со францускиот второлигаш Саран Луаре. Договорот е со важност од една година. Ова ќе му биде трета сезона во францускиот шампионат. Мината сезона со својата екипа во Втората лига Шпанецот заврши на седмата позиција.

Родригез има многу богата играчка кариера. Тој беше дел од Сиудад Реал во најдобрите денови на клубот од 2007 до 2011 година. Исто така играше и во Веспрем каде што остави голема трага. За репрезентацијата на Шпанија им одиграно 113 натпревари.