Во еден ден Хановер се ослободи од Атман и донесе талентиран Хрват

Иван Мартиновиќ, леворакиот 21-годишен Хрват и наредната сезона ќе игра во Бундес лигата. Тој сезонава настапуваше за Гумерсбах, кој не успеа да обезбеди опстанок и наредната сезона ќе игра еден ранг подолу. Хановер во еден ден го раскина договорот со Павел Атман, кој потпиша со Вардар и го донесе Мартиновиќ, кој се обврза на верност до 2022 година.

Десниот бек во 2018 пристигна во Бундес лигата од австрискиот тим Фиверс Маргаретен и многу брзо се прилагоди. Во првата сезона беше еден од најдобрите во Гумерсбах и постигна 141 во дебитантскиот настап во германското првенство.

Од Мартиновиќ се очекува достојно да го замени Каи Хефнер на десната бековска позиција, кој се пресели во Мелсунген. Со овој трансфер Хановер го комплетира ростерот за следната сезона, но по трансферот на Атман во Вардар се чини дека ќе мораат да бараат и соодветна замена и за него на средната бековска позиција.