Во Вац се прави амбициозна екипа

Женскиот ракометен клуб Вац од Унгарија прави амбициозна екипа за следната сезона. Раководсството на клубот реши да направи голем чекор со трансфер на ракометарки од Вардар СЦБТ и Ѓер Ауди ЕТО. Младата Марија Штериова од ЖРК Вардар СЦБТ беше првото засилување за екипата,  потоа во своите редови ги донесоа Хорњак Дора од Ѓер и Тот Естер од Веспрем. Во текот на неделата ќе има уште неколку потенцијални засилувања. Клубот сака да ја зголеми конкуренцијата за второто место и да го задржи учеството на европска сцена.

300x250