Во битка со ракот на дојка: Ракометарите на Целје се облекоа во розево

На средбата против ПСЖ во Лигата на шампионите, ракометарите на Целје настапија во нетипични за нив розеви дресови. Сепак, тоа беше направено со цел за да се помогне во обидот да се крене свеста за битката со ракот на дојка.

Истото ќе се случи и на средбата против Брест Мешков на 14 октомври, но на домашен терен. Со оглед на тоа што битката не е ограничена на еден ден туку е постојана одлуката е Целје да ја даде својата поддршка во текот на целата сезона, а на крајот од шампионатот да се продаваат дресовите на играчите кои ќе бидат потпишани. Потоа средствата ќе бидат донирани.