Војводина се подготвува за Вардар и Еурофарм, потпиша со Медуриќ и Сретеновиќ

Шампионот на Србија, Војводина го подготвува тимот за нарендата сезона и ги претстави најновите засилувања.

Од Металопластика пристигнува пивотот Богдан Медуриќ, а на позицијата лев бек ќе бара место во првиот тим Стеван Сретеновиќ кој доаѓа од Железничар.

Војводина е доминантна во домашното првенство, а со најновите засилувања за наредната сезона е голем фаворит и се очекува само да ја потврди доминацијата.

Фокусот на екипата ќе биде СЕХА лигата каде што ќе настапуваат и ќе се обидат да се искачат што повисоко на табелата во големата конкуренција.

Покрај новите двајца ракометари, договорен е трансферот и на поранешниот член на Вардар и на македонската репрезентација, Немања Прибак.