Војводина немоќна против Татран, загуби пред своја публика

Откако го победија Железничар, ракометарите на Војводина не успеаја да го сторат истото и против Татран Прешов и во натпревар каде имаа катастрофална реализација загубија со резултат 17:27.

Одличната игра во дефанзиватана гостите се наметна уште на самиот старт, а домаќините дури 12 минути не успеаја да постигнат погодок. Во следните 18 минути гостите во денешниот натпревар со реализирани напади од позициона игра и од контранападите на моменти го однесоа водството на плус седум, но Тркуља во последните две минути од првиот дел погоди двапати и се погрижи својот тим да замине на полувреме со минус пет (9:14).

Вториот дел донесе потполно израмнета игра како првиот, со цврста одбрана на гостите и недоволно убедливи напади на домаќините. Тие беа толку неубедливи што во последните пет минути дозволија да отидат во негатива од минус 11 погодоци, негатива која до крајот на натпреварот се намали на минус десет што преставува убедлив пораз за тимот на Војводина.

Јанус Лапајне беше најдобар реализатор кај денешниот победник со реализирани пет погодоци, а по еден помалку дадоа Томас Чип, Јакуб Хрстка и Бруно Буторац. Кај екипата на Војводина најпрецизен беше Страхиња Станковиќ кој постигна пет погодоци.