Војводина купи поранешен македонски репрезентативец

Тимот на Војводина, под водство на новиот тренер Касим Каменица, пред два дена ги започна подготовките за вториот дел од сезоната. Сехалигашот од Нови Сад, за време на паузата договори соработка со двајцанови играчи.

300x250

Се работи за поранешниот младински репрезентативец во времето на селекторувањето на Веселин Вујовиќ, Марко Симовиќ. Десниот бек тогаш играше заедно со генерацијата на Маркоски, Митревски, Пецаковски, Јанев, но неговата кариера не отиде во посакуваниот правец.

Во минатата сезона тој играше за Темишвар, претходно беше дел од ЧСМ Букурешт, а три години играше и за македонскиот шампион Вардар, од каде замина во турската Анкараспор. Со сениорската репрезентација на Црна Гора играше на СП во Шпанија, но сега не е во плановите на Ѓукиќ.

Ново име во Војводина е и голманот Светислав Веркиќ, своевремено играч на Југовиќ, Црвена Ѕвезда, Мадеира, Опсал, Татран Прешов, Ајзенах и Мелсунген. Војводина ја чека вториот дел од СЕХА Лигата и натпреварите од домашниот шампионат и Куп.