Вори: Србите сакаат да не залажат, намерно губеа на пријателските

Капитенот на хрватската репрезентација, Игор Вори во пресрет на првиот дуел на Европското првенство во неговата земја, вели дека многу ја почитува репрезентацијата на Србија и сигурен е дека поразите на пријателските наптревари не се вистинска слика за нивните квалитети.

300x250

„Србија навистина е незгоден тим, многу ги респектирам. Не смееме во никој случај да ги потцениме, единствена наша предност е тоа што играме пред нашите навивачи. Тие загубија на пет од пријателските мечеви, но со тоа само сакаат да не залажат и да не опуштат нас.“ – вели Вори.

Првиот натпревар на ЕП ќе се игра меѓу Шведска и Исланд во „Спаладиум Арена“, а балканското „Ел Класико“ на програмата е со почеток во 20:30 часот.