Возбудувања и на домашна сцена: Три минути драма во „Младост“ (ВИДЕО)

Во денот кога ракометарките на Вардар се збогуваа со публиката во „Јане Сандански“ во Битола беше одигра максимално интересен натпревар, кој покажа дека до крајот на сезоната ќе бидат следени возбудливи дуели и ќе има неизвесност на секој натпревар така што битката за 2. место ќе донесе големо надигрување.

Е. Работник и Металург играа неизвесен натпревар во текот на сите 60 минути. Домашните имаа повеќе од играта во добар дел од мечот, но на крајот и двете екипи мораа да бидат задоволни со по еден бод.

Јунакот на Металург, ако може да се каже такво нешто со оглед на тоа што тимот кој беше фаворит освои само еден поен, беше Халил Јагањац, а тој погоди во моментите кога беше најпотребно.

Сепак, доколку не го следевте овој меч и сакате да видите како изгледаше драмата во завршните три минути погледнете во видеото во продолжение.