Возбудлива ждрепка за квалификациите за пласман на ЕП 2020

Норвешкиот град Трондхајм беше домаќин на вечерашната ждрепка по која беа формирани квалификациските групи за пласман на ЕП 2020 година чии домаќини ќе бидат Австрија, Норвешка и Шведска.

Покрај Македонија која се најде во групата 3 , конечниот изглед на останатите групи од квалификациите за пласман на ЕП 2020 изгледа вака:

ГРУПА 1

Германија, Полска, Израел, Косово

ГРУПА 2

Хрватска, Србија, Белгија, Швајцарија

ГРУПА 3

Македонија, Исланд, Турција, Грција

ГРУПА 4

Словенија, Естонија, Холандија, Латвија

ГРУПА 5

Чешка, Белорусија, БиХ, Финска

Група 6

Франција, Романија, Литванија, Португалија

Група 7

Унгарија, Русија, Словачка, Италија

Група 8

Данска, Црна Гора, Украина, Фарски Острови

Квалификациите започнуваат во периодот помеѓу 24 и 28 октомври 2018, а последното коло ќе биде одиграно во периодот помеѓу 12 и 16 јуни 2019 година.