Влезниците за пресметките со Мешков и Барселона пуштени во продажба

Иако до мечот од 6. коло во Лигата на шампионите на кој Вардар е домаќин на тимот на Мешков Брест останува околу еден месец, билетите за овој дуел се веќе пуштени во продажба. Веднаш после овој меч на 11 ноември во Скопје ќе се одигра и дуелот против Барселона, па сите вљубеници во ракометот можат да уживаат во две одлични средби.

За блоковите А чинат 400 денари, а за местата на трибините нивната цена е 350 денари.

Тие се купуваат онлајн на страната www.ticketplus.mk или на билетарата на салата во СЦ „Јане Сандански“ која работи секој работен ден од 10 до 18 часот.

Инаку, Вардар својот следен меч го има в недела во Полска против тимот на Келце. Потоа следува пауза до 3 ноември кога во Скопје доаѓа Мешков Брест, па потоа уште еден тим ќе гостува во СЦ „Јане Сандански“ , а тој дуел е предвиден за 11 ноември кога ќе заврши првиот круг. После ова Вардар ќе гостува во Барселона.