Влатко Митков ја завршува репрезентативната кариера!

Еден од столбовите на одбраната на македонската репрезентација Влатко Митков вечерва против Чешка ќе го одигра последниот натпревар за националниот тим. Десниот бек кој беше дел од сите успеси на машкиот репрезентативен ракомет нема повеќе да биде дел од репрезентацијата.

Митков, кој се афирмираше преку настапите за Пелистер, а подоцна својата кариера ја градеше низ бундеслигашките клубови, како Вилштат, Вецлар, Хам, Балинген, потоа австриските Барнбах и Кремс досега настапи 91 пат во дресот со националниот грб и постигна 78 голови.

Тој беше во составот на селекторот Звонко Шундовски, на ЕП 2012 година во Србија, кога Македонија го освои петтото место.