Владимир Богоевски за 24 Ракомет ТВ: МОК верува во овие момци за Токио 2020 (ВИДЕО)

Спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски е дел од делегациијата на Олимпискиот комитет која е присутна во Загреб и ќе даде поддршка на македонската репрезентација.

„Ние ги поддржавме ракометарите и во минатите два обиди да се пласираме на Олимписките игри. Не успеавме, но се надеваме дека ќе биде трета среќа. Имаме издвоено средства и ќе ги поддржиме овие момци од кои очекуваме прво да одиграат добар турнир, а потоа и да продолжат во истиот ритам до Токио“, изјави Богоевски во интервју за 24 Ракомет ТВ.

Богоевски, Тупурковски и Поповски ќе бидат на трибините во Арена во Загреб заедно со голем број на македонски фанови и денеска ќе бидат поддршка за ракометарите.

Комплетното интервју е погледнете го во продолжение.