Владата потврди: Вардар ќе добие 30 милиони денари!

На вчерашната 141 седница, Владата на Република Македонија, ја потврди најавената одлука за награда на ракометниот клуб Вардар во изност од 30 милиони денари.

„Владата денеска донесе одлука да му додели 30 милиони денари на Ракометниот клуб Вардар за освоената титула Европски шампион во ракомет“, се вели во дел од извештајот од седницата на Владата.

Ова беше најавено пред три седмици, а покрај паричната награда од Владата на РМ, вардарци добија награди и од Град Скопје, како и од Агенцијата за Млади и Спорт.