Вишњевски: Ќе го испратиме Обрадовиќ дома, ако се докаже дека има важечки договор со Металург!

Откако ЕХФ одлучи дека Металург има важечки договор со ракометарот Немања Обрадовиќ и остави време двете страни да се договорат околу исплата на обештетување, се јави и новиот претседател на клубот. Една од најголемите легенди на полскиот ракомет и Висла Плоцк, левото крило Адам Вишњевски од минатиот месец официјално ја превзема новата функција претседател на клубот. Во своето обраќање по повод првите триесет дена, Вишњевски ги наброја сите промени во клубот, новите договори со Тијаго Роча и словенецот Игор Забиќ, но и проблемите со најголемото засилување во тимот Немања Обрадовиќ. Како што потенцираше претседателот на клубот, во моментот на случајот работи најдобрата адвокатска канцеларија во Полска и се надева дека случајот ќе има позитивно решение.

300x250

За жал, имавме проблеми со договорот на Немања Обрадовиќ. Случајот го води една од најдобрите правни фирми во земјава. Убеден сум дека заедно ќе го најдеме најдоброто решение за нашиот клуб. Беа направени грешки, а лекцијата е научена. Сега е време да ја преземеме одговорноста. Ние исто така немаме намера да го купиме мирот. Ние сме силен клуб и можеме да поставиме одредени услови. Се надевам дека случајот ќе се реши во рок од неколку дена. Ние сме подготвени за секое решение. Тоа значи дека Обрадовиќ ќе го испратиме дома, ако се докаже дека има важечки договор со Металург. Се разбира, во таква ситуација ќе остане посветеноста на играчот и менаџерот кон нашиот клуб во иднина.- стои во соопштението на Вишњевски.

Новото раководство на клубот само го потврди ставот кој на прес-конфереција го изнесоа пред три дена, откако ЕХФ објави дека нема ништо спорно во договорот на Обрадовиќ со Металург. Тогаш Вишњевски кажа дека нема да отстапат од договрот со играчот и немаат намера да плаќаат обештетување, а потоа испратија понуда до Металург од 10000 евра за услугите на Обрадовиќ. Македонскиот вицепрвак беше подготвен да го отстапи Обрадовиќ на полскиот клуб, доколку Висла го платеше обештетувањето кое ПСЖ го побара за Халил Јагањац да дојде во Скопје. Но тоа решение веројатно нема да се реализира.

Металург го проценува Обрадовиќ на 50000 евра. Во случај да не се постигне договор Обрадовиќ ќе биде суспендиран или ќе се врати во Скопје да го одработи својот договор. Во секој случај судбината на Обрадовиќ е во рацете на управата на Металург.