Вицешампионот на СЕХА се збогуваше со шест играчи

Завршувањето на сезоната во Хрватска каде тимот на Загреб уште еднаш се најде на пиедесталот значеше и заминување на дури шест ракометари од екипата. Со ова финалистот на СЕХА од оваа сезона практично остана без цела постава.

300x250

Дури тројца од нив заминуваат во играчка пензија, додека другите тројца ја продолжуваат кариерата во други екипи. Ова значи дека следната сезона ППД Загреб ќе има поинаков лик, но и неколку нови играчи со кои ќе треба да се засили конкуренцијата и да се добие на квалитет плус.

Во играчка пензија веќе одамна се знае дека заминува Игор Вори, кој веќе има нова функција во репрезентацијата на Хрватска, а сигурно ќе има и во клубот каде мина голем дел од својата кариера. Покрај него со играњето се збогуваат и браќата Јосип и Тончи Валчиќ.

Тројцата ракометари кои се селат во други екипи се Домагој Павловиќ, Давид Миклавчиќ и Добривое Марковиќ. За Павловиќ беше заинтересиран и Вардар, но тој кариерата ја продолжува во Бундес лигата во редовите на Мелзунген. Миклавчиќ во следната сезона ќе игра за тимот на Горење, додека за поранешниот играч на Вардар, Марковиќ засега нема информација кој е неговиот следен клуб.

Она што е засега интересно е дали на клупата на Загреб следната сезона ќе биде Лино Червар, за кого има сè повеќе информации дека нема да се врати во Металург.