Висок пораз за кадетите на првата контрола со Унгарија

Репрезентацијата на Македонија до 18 години претрпе пораз на првата контрола против Унгарија со 22:34, а на оваа средба повторно не настапи Мартин Серафимов. Кадетите одиграа добро прво полувреме во кое имаа и постојан резултатски приклучок.

300x250

Во 20. минута резултатот беше нерешен. Македонија имаше 8:8, но не успеа да поведе. Имаше нерешени 9:9, а потоа со серија од четири гола домашните отидоа на убава предност која ја чуваа до крајот на првиот дел.

Вториот дел беше решен брзо во корист на Унгарија. Домашниот состав успеа да се избори за лесни погодоци, а таквата игра им овозможи рано да симаат висока позитива. На средина од второто полувреме резултатот беше 24:16 и тука беше јасно дека нема да има проблеми до крајот да се дојде до висока победа.

Македонија и во вторите 30 минути играше на истото ниво во нападот. Успеа да постигне исто како и во првиот дел 11 погодоци, но прими дури 20, па на крајот епилогот беше убедлива победа за домашната селекција.

Утре од 10 часот двете селекции го играат и вториот меч.

УНГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА       34:22 (14:11)

УНГАРИЈА: Мерковски 1, Ѓори, Тот 3, Хлдоси 3, Чако 3, Конеги 5, Богнар, Шаш 2, Гал 1, Балинт 6, Шухарев 2, Пап 4, Муштач 2, Дели, Калил, Вајда 2.

Седмерци: 5/5, Исклучувања: 16 мин.

МАКЕДОНИЈА: Солев, Петковски, Василевски, Крстаноски, Гучевски, Џигероски 1, Кондев 1, Ќосески, Божиновски 2, Митиќ 3, Ангелковски, Каковски, Симоновски 2, Ристовски 7, Карапалевски 2, Костески 4, Ѓорѓиев.

Седмерци: 6/7, Исклучувања: 8 мин.