Висла Плоцк сака екс-тренер на Вардар за нов кормилар

Втората по квалитет екипа во шампионатот на Полска, Висла Плоцк има засилени амбиции за следната сезона, а за таа цел планира да се засили на тренерска позиција и да влезе во дуел со Келце за титулата.

300x250

Најсериозен кандидат за тренерската позиција е поранешниот тренер на Вардар и поранешен селектор на Македонија, Веселин Вујовиќ. Секогаш атрактивниот Вујо во моментов уште е тренер на Копер и селектор на Словенија, но може да дојде до смена доколку Словенците не успеат во квалификациите за СП.

Затоа, Висла Плоцк гледа во него шанса за да го ангажира и да добие големо засилување на тренерската позиција. Вујовиќ сигурно ќе и донесе квалитет плус на екипата, а тоа значи дека полскиот шампионат ќе добие голем дуел меѓу две големи играчки ѕвезди од минатото.

Тоа ќе бидат пресметки меѓу Вујовиќ и Душебаев, а сигурно ќе значи многу да се гледаат вакви интересни натпревари.