Висла Плоцк го турна Загреб во бездна

Ракометарите на Загреб веројатно годинава нема да играат во осминафиналето на Лигата на шампионите. Избраниците на Златан Сарачевиќ загубија на гостувањето во Плоцк од директниот конкурент Висла со 27:24, и сега се на последното место во групата А со 4 бодови, зад Кристијанштад со 6 и меч помалку и полскиот тим, кој има исто толку.

Загреб беше во игра некаде до 20 минута во првиот дел до 8:8, пред Висла да се одлепи на 12:8 и на полувреме да замине со предност од 13:10. Во второто полувреме, „плинарите“ се вратија во мечот, намалија на минус 1, 24:23, но во финишот се разбрани Адам Борбели и Висла ја заокружи победата со 27:24.

Најдобри во победничкиот тим беа Ивиќ со 5, како и Дуарте и Гебала со по 4 голови, додека кај Загреб се истакна Бичаниќ со 9 голови, додека Равниќ и Вори дадоа по 4. Иако им остануваат домашни средби со Кристијанштад и Нант, како и гостување во Сегед, сепак тешко е за верување дека „плинарите“ имаат шанси да победат на сите натпревари и да го стигнат шведскиот тим.