Висла го плати долгот на Вардар: ПИК Сегед со триумфален марш низ Плоцк

Откако не успеаја да го победат европскиот шампион Вардар во претходното коло на домашен терен, ракометарите на ПИК Сегед целиот свој гнев го истурија на гостувањето во Плоцк, кај Висла, која беше совладана со 27:33.

300x250

Бунтиќ, Баниди и Горбок отворија со голови за 0:4 и најавија победа за унгарскиот состав. Избраниците на Пастор имаа и 1:6, па 4:9, пред домашниот тим да возврати со серија од 5 голови, за 9:9 во 20 минута. Сепак до крајот на полувремето, ПИК Сегед врати дел од предноста, за 12:15.

Висла одолеваше во вториот дел, се до 40 минута, кога беше 16:18, а потоа комплетно се распадна играта на домашниот тим и ПИК Сегед отиде на плус 8, 19:27. До крајот умешно ја задржа стекнатата предност и прослави победа со 27:33.

Најдобар во победничкиот состав беше Денис Бунтиќ со 5, додека по 4 дадоа Жолт Балог и Ричард Бодо. Во домашниот состав се истакна десното крило Микал Дашек, кој имаше 7 голови од 7 обиди, а поранешниот ракометар на Металург, Немања Обрадовиќ, не постигна гол на овој дуел.